Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 2 млади учесници за меѓународна обука за млади „Youth Participation, Civic Engagement and Community Action“, која ќе се одржи во Палич, Србија од 30-ти јуни до 5-ти јули 2026 година.
Меѓународната обука има за цел да ги оспособи младите луѓе со практични знаења, вештини и алатки за активно учество во демократските процеси и развојот на заедницата. Преку интерактивни работилници, симулации, тимска работа и меѓукултурна размена, учесниците ќе ја истражат важноста на граѓанското ангажирање, инклузијата, партиципативното донесување на одлуки и младински акции на локално и меѓународно ниво.
Обуката се организира како дел од мрежата TUNE (Transnational United Network in Europe) која е Европска младинска мрежа составена од 21 организација од 18 земји кои ги споделуваат вредностите за јакнење на младите да бидат активни граѓани во демократскиот живот, промоција на волонтеризмот и социјалната инклузија.
На младинската размена ќе учествуваат 40 млади и младински лидери од Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Шпанија и Турција.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години и со претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила и задачи за време на проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош или лична карта кои имаат уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци до 211€ или до 285€ (за Green Travel) се целосно покриени од организаторите. Патните трошоци ќе бидат рефундирани по завршување на обуката и доставување на сите карти за патување до организаторите.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните датуми!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Србија“.






