ЦЕТ платформа Скопје е дел од CET platform мрежата која има претставништва и во Србија, Хрватска, Црна гора, Словенија, Косово, Бугарија, Грција, Полска, Италија, Литванија и Босна и Херцеговина.
НАШАТА ВИЗИЈА
Остварување на поширок општствен интерес, делување и остварување на цели во областите на граѓанското општество, демократскиот поредок, граѓанските вредности, човековите права, неформалното образование и ранливите категории на граѓани во општеството.
НАШАТА МИСИЈА
Преку својата работа, ЦЕТ платформа се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.
ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ
ЦЕТ платформа е формирана во јануари 2016-та година од млади, мотивирани, компетентни и искусни младински работници, младински лидери, активисти и експерти кои се активни во граѓанскиот сектор и вклучени во младинска работа од 2008-ма година.
ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО НАШИТЕ АКТИВНОСТИ
МЛАДИНСКИ РАЗМЕНИ
Можности за интеркултурно учење, мобилност и дружба за млади лица на возраст од 13 до 30 години.
ОБУКИ И СЕМИНАРИ
Можности за соработка и професионален развој на младински работници и лица активни во младинска работа.
ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ
Работилници, обуки и иницијативи отворени за млади лица, младински работници, граѓански организации и граѓани.