Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Non Formal LAB 3.0 – Crossroads”, која ќе се одржи во Пресензано (регионот на Касерта), Италија од 21-ви до 27-ми мај 2026 година.
Проектот е трето издание на успешната иницијатива за неформално образование која се гради врз искуствениот пат инициран во претходните изданија преку поврзување на формалното и неформалното образование.
Преку принципите и практиките на неформалното образование, проектот има за цел да создаде плоден простор за експериментирање, развој на компетенции и учење од врсници – поттикнувајќи мотивација за доживотно учење и обезбедувајќи начини за поефикасно вклучување на младите луѓе.
Обуката има за цел да им обезбеди на учесниците соодветни алатки за поддршка на нивниот процес на учење кон јакнење на младите, создавајќи искуствено и инклузивно опкружување. Дизајниран како конкретна можност за искуствено учење, учесниците ќе учат од други организации и професионалци со различно ниво на експертиза преку практични активности, ќе ги споредуваат своите пристапи и практично ќе ги тестираат стекнатите компетенции.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници и 3 обучувачи од Италија, Македонија, Шведска, Полска, Хрватска, Естонија, Унгарија и Романија .
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци до 285€ се целосно покриени од организаторите. Патните трошоци ќе бидат рефундирани по завршување на обуката и доставување на сите карти за патување до организаторите.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните датуми!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.






