Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Behind the Screens”, која ќе се одржи во Сеута, Шпанија од 31-ви март до 7-ми април 2026 година.
Проектот е дизајниран да им овозможи на младинските работници критични вештини за медиумска писменост, проверка на факти водена од вештачка интелигенција и сајбер безбедност. Целта е да се подобрат практиките за младинска работа преку обезбедување практични алатки за борба против дезинформациите, евалуација на содржината генерирана од вештачка интелигенција и поттикнување на побезбедна и поодговорна дигитална средина за младите луѓе.
Истовремено, проектот цели кон зајакнување на свеста за сајбер безбедноста и опремување на младинските работници со практични стратегии за заштита на личните и организациските податоци. Проектот ќе понуди и ефикасни алатки базирани на вештачка интелигенција за подобрување на секојдневната работа на младински работници.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници и младински лидери од Македонија, Шпанија, Шведска, Белгија, Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Хрватска и Романија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци до 335€ се целосно покриени од организаторите. Патните трошоци ќе бидат рефундирани по завршување на обуката и доставување на сите карти за патување до организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Шпанија“.






