Целни групи на Здружението ЦЕТ платформа се:
- Млади луѓе на возраст од 15 до 30 години
- Младински работници
- Маргинализирани групи на граѓани
Членовите на ЦЕТ платформа се стремат кон остварување на поширок општствен интерес, при што основни цели и задачи на здружението се:
- развој на граѓанското општество, демократијата и демократските институции;
- унапредување и заштита на човековите права, граѓанските вредности и правата на ранливите категории на ѓраѓани во општеството;
- зајакнување на меѓуетничките и меѓурелигиските односи и придонесување кон еднаквост и солидарност во општеството;
- унапредување и заштита на медиумските слободи, права и стандарди;
- промоција на неформалното образование меѓу граѓаните, особено меѓу младите;
- поддршка на маргинализираните лица и придонесување кон нивно социјално вклучување во општеството;
- понудување на помош на локалните и државните институции за формулирањето на одговорни јавни политики;
- афирмација на младите во општеството и потикнување на нивно учество во процесите на донесување одлуки;
- поттикнување и промоција на развој и знаење во областа на домашните, регионалните, Европските и меѓународните односи и соработка;
- промоција и развој на креативноста, иновацијата и претприемништвото;
- промоција на одржливот развој и заштита на животната средина;
- градење на капацитети на граѓанското општество на домашно и меѓунардоно ниво;
- унапредување на добротворството, волонтерството и активно учество на граѓаните во општествениот, политичкиот и економскиот живот;
- воспоставување соработка со домашни и странски здруженија на граѓани, фондации, единици на локалната самоуправа, државни институции и други организации чии цели се компатибилни со целите на ЦЕТ платформа;
- други дејност од општествениот живот кои се од јавен интерес.