Поради логистички предизвици и интерни промени во проектниот тим, обуката е одложена од страна на организаторите за ноември 2026.
Поради Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Between Screens and Stars: Growing healthy minds”, која ќе се одржи во Сиде (Анталија), Турција од 15-ти до 21-ви март 2026 година.
Организирана од Pozitiva Samobor, акредитирана Еразмус+ организација, оваа обука е со цел да се поддржат 24 младински работници во развивање практични вештини за дизајнирање средини за учење што им помагаат на младите луѓе да се фокусираат, да останат присутни и смислено да се вклучат во учењето во високо дигитализиран свет. Програмата е наменета за младински работници, младински лидери, едукатори и активни волонтери кои се активни во младинска работа.
Преку неформални и искуствени пристапи, учесниците ќе истражат како да одговорат на дигиталното одвлекување на вниманието и преоптоварувањето со информации преку создавање искуства за учење што промовираат рефлексија, длабинско учење и избалансирани ритми на учење. Обуката го третира вниманието и фокусот не како индивидуални проблеми, туку како резултати од добро дизајнирани образовни средини.
До крајот на активноста, учесниците ќе бидат подобро опремени да применуваат иновативни методи за дизајн на учење во нивната секојдневна работа со млади, поддржувајќи поздрави, поодржливи и позначајни процеси на учење за младите луѓе.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци до 309€ (или со „Green Travel“ до 417€) се целосно покриени од организаторите. Според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+, учесниците имаат поголем буџет за патување и можност за одмор со покриени трошоци при патот доколку патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Турција“.






