Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Lost at the Border – Youth Work with Migrants“, која ќе се одржи во Узана (Габрово), Бугарија од 26-ти август до 3-ти септември 2024 година.
Главната цел на проектот е да се спроведе дополнителна обука на младински работници, истовремено зголемувајќи ги капацитетите на организациите. Проектот се фокусира на два главни проблеми – интеграцијата на мигрантите на европскиот пазар на труд и нивото на невработеност во Европската унија. Обуката има за цел да им ги открие на младинските работници можностите на сегашните и потенцијалните бегалци и мигранти за непречен и безбеден влез во европските социо-економски системи.
Неговата главна цел е да ја зголеми компетентноста на младинските работници и лидерите во однос на миграциските кризи и интеграцијата на бегалците и мигрантите на европскиот пазар на трудот, истовремено обезбедувајќи специфична обука за справување со миграциските прашања од перспектива на младинската работа и младинскиот сектор.
Обуката ќе опфати дискусии, симулации на различни процеси, во кои учесниците ќе имаат можност да ги подобрат своите компетенции поврзани со работата во областа на волонтирањето. Главните активности на проектот вклучуваат: дискусии, интерактивни презентации, активности на отворено, игри и интеркултурни вечери. Употребените методи на работа се целосно избрани во контекст на неформалното образование и имаат за цел да ја развијат креативноста кај учесниците, нивната комуникација, вештините за тимска работа и свесноста за личниот потенцијал за изразување активно граѓанство.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Бугарија“.






