На 1 јуни 2025 година се состанaвме да ја одржиме третата работна средба со нашите млади волонтери и претставници од локални организации, каде се запознавме со генералните предуслови и правила за програмата Erasmus+ и за зелени и еколошки пристапи во урбаната реставрација на паркот. Целта на оваа средба беше информирање и мотивирање на младите за активна вклученост во демократскиот живот преку проекти поддржани од Erasmus+, со фокус на инклузија, дигитализација, волонтерство и учество. Посебен акцент беше ставен на младинските размени, обуките за младински работници и можностите за локални иницијативи.
Покрај тоа, учесниците се запознаа со практични решенија за ревитализација на запоставени зелени површини, користејќи пермакултурни принципи, вертикални градини и лековити растенија. Се дискутираше за потенцијални соработки со училишта и невладини организации, со цел создавање одржливи и инспиративни јавни простори. Средбата заврши со идеи за креирање заеднички проекти кои би ги комбинирале двата пристапи – младинско учество и еколошка трансформација.



















