Работилница за планирање на акции за трансформација на јавни простори
После успешно спроведените информативни работилници за проектот за трансформација на јавни површини ‘Living Spaces – Живи Простори’ на 29.02.2020 (сабота) ќе се одржи третата работилница од овој проект. На истата ќе се разработува дизајн за веќе одбраниот простор на кој ќе се изврши трансформацијата и ќе разгледуваме какви материјали да се искористат, каде и како може да се набават истите.







