Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ младинска размена “Dream Big”, која ќе се одржи во Ел Палмар де Вехер (Кадиз), Шпанија од 6-ти до 13-ти март 2022 година.
Главна цел на младинската размена е да ги обучи учесниците за претприемништво како едно од решенијата за адресирање на невработеноста. Оваа цел ќе биде постигната преку користење на спортски методи. Доколку младите постават правилни ставови да бидат успешни во спортот, тогаш истиот тој однос ќе им служи да бидат успешни во деловниот свет затоа што целите меѓу претприемачите и спортистите често се многу слични.
На младинската размена ќе учествуваат 30 млади и младински лидери од Шпанија, Македонија, Грција, Бугарија, Романија и Чешка.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 26 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Шпанија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза (со Pfizer, AstraZeneca, Moderna или Jansen) или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 45 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Шпанија.