Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 7 учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена “Cyber me, cyber you”, која ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 21-ви до 29-ти април 2022 година.
Главна цел на младинската размена е да ја подигне свеста на младите за важноста на превенирање на сајбер-заплашувањето (cyberbullying), како и за спречување на насилството во целина. Младинската размена ќе ги подобри компетенциите, знаењето и вештините на младите, неопходни за критичен пристап до медиумските содржини, односно ќе го зголеми нивното ниво на медиумска писменост.
На младинската размена ќе учествуваат 42 млади и младински лидери од Хрватска, С. Македонија, Литванија, Грција и Шпанија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години (преферирано е од 18 до 25 години)
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 години (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на размената (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Хрватска“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Хрватска.