Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Soften Your Skills“, која ќе се одржи во Загреб, Хрватска од 27-ми и до 3-ти октомври 2021 година.
Проектот „Soften Your Skills“ е младинска размена со примарна цел да ги подобри „меките вештини“ – лични атрибути што му овозможуваат на некого ефективно и хармонично да комуницира со други луѓе. Денешниот пазар на труд брзо се менува, особено во развиените региони како што е Европа. Се повеќе се потпира на услужниот сектор, така што работната сила мора соодветно да се прилагоди и покрај тоа што има „тврди вештини“, мора повеќе да се фокусира на развивање на нивните индивидуални „меки вештини“. Меките вештини не се нешто што обично се учи во периодот на образование во животот на една млада личност. Затоа, овој проект има за цел да им помогне на поединците да ги подобрат своите меки вештини, да се градат себеси како поспособни работници и да станат поконкурентни на пазарот на труд во иднина.
Проектот е организиран за да стимулира креативно размислување и иновации кај младите, а секој учесник ќе има можност за развој на нивните вештини што ќе им помогнат во нивниот практичен и деловен живот.
На размената ќе учествуваат 30 младински лидери и млади од Хрватска, С. Македонија, Чешка, Кипар, Литванија и Бугарија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години, при што предност имаат млади невработени лица и млади од помали градови
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати! Краен рок за аплицирање е 17-ти јули 2021.
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Загреб“.
! Ја следиме внимателно ситуацијата и мерките околу КОВИД-19 пандемијата, па го задржуваме правото да го откажеме нашето учество во проектот доколку оцениме дека Вашата безбедност и здравје може да бидат изложени на ризик.