Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 млади учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „The Rhythm of the Life“, која ќе се одржи во Пуенте Генил (Кордоба), Шпанија од 3-ти до 12-ти октомври 2023 година.
Проектот има за цел да ја развие еколошката свест кај разновидна група млади луѓе од различни националности преку музиката како главна алатка. Оваа младинска размена е единствена можност за младите да ја истражуваат музиката како средство за пренесување важни пораки за грижата за животната средина и одржливоста.
Општата цел на младинската размена е преку музика да промовира еколошка свест и чувствителност кон грижата за животната средина кај разновидна група млади луѓе од различни националности.
На младинската размена ќе учествуваат 42 млади и младински лидери од Македонија, Шпанија, Грузија, Грција, Литванија и Украина.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години без потреба за претходно искуство
- Пожелно е учесниците да имаат искуство со музика и екологија
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на младинската размена (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 360€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Шпанија“.
Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за нивното учество.