Активно учество на младите во донесувањето на одлуки и политиките кои се поврзани со нивниот социо-економски статус, клучно за унапредување на општеството и поттикнување на младинската иницијативост. Ова е заклучокот од работилницата за младинско учество која Здружението ЦЕТ платформа ја организираше во просториите на Агенцијата за млади и спорт на 23-ти март.
Македонија во моментот се соочува со низа предизвици кои треба да го унапредат статусот млади кои се уште не е дефиниран, а законот за млади е во подготвителна фаза. Агенцијата за млади и спорт, активно работи на создавање на услови во кои младите ќе земат учество во креирање на јавните политики и преку препораки да посочуваат решенија и проблеми со кои се соочуваат.
ЦЕТ платформа заедно со Александра Дичевска од секторот млади на Агенцијата за млади и спорт, оддржа работилница каде иницираа создавање на платформа на делување во чии фокус е младинската иницијативност. Учесниците покажаа голем интерес за работата на АМС во секторот млади и укажаа на потребата од поголема вклученост на младите во програмите на институцијата.
ЦET платформа со помош на АМС организира проектни активности чија цел е да ја поттикнат и подобрат соработката меѓу младинските организации и активистите. По трети пат успешно се спроведе работилница каде претставници на граѓанскиот сектор адресираа прашања и препораки за статусот на младите, а во наредниот период ќе бидат доставени до Агенцијата за млади и спорт.