Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Hike the Entrepreneurial Dream“, која ќе се одржи по патот Via degli Dei меѓу Болоња и Фиренца, Италија од 13-ти до 24-ти септември 2022 година.
„Виа дељи Деи“ е древна римска патека долга 130 километри, која ја поврзува Болоња со Фиренца и моментално секојдневно се соочува со огромна количина на планинари и пешаци. APG и Arousa Moza одлучија да создадат младинска размена која ќе ги доведе учесниците сами да го искусат походот со цел да стекнат компетенции и став за развој на претприемачки ум, фокусирајќи се на одржливиот туризам како средство за создавање нови можности за работа во одржлив контекст.
Главните цели на проектот се: 1) да се поттикне критички поглед кон новиот туристички модел што сакаме да го изградиме, врз основа на одбраната на наследството, почитувањето на природата и мислата да се биде одржлив, 2) враќање на довербата во европскиот пазар како плодна средина за претприемачите, 3) поттикнување на претприемачки начин на размислување кај младите, 4) подобрување на самодовербата и чувството за иницијатива кај младите, 5) обезбедување на корисни алатки за идните претприемачи и 6) разбирање на потенцијалот на бавното патување како одржлив начин на туризам.
Сместување за време на целата младинска размена ќе биде со спиење во шатори. Бидејќи ќе се пешачи во див регион, квалитетот на просторот за кампување ќе се промени на патот: на некои места земјата е нерамна и нема да има топла вода. Учесниците ќе бидат сместени по три или четири лица во секој шатор, подредени по ист пол и по различни националности. Шаторите, душеците и вреќите за спиење ќе се носат со комбе.
На младинската размена ќе земат учество 45 млади и младински лидери од Македонија, Италија, Естонија, Хрватска, Шпанија, Турција, Унгарија и Босна и Херцеговина.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 29 години без потреба за претходно искуство
- Учесници кои се добро физички подготвени и се посветени да пешачат по целиот пат Via degli Dei
- Учесниците треба да се подготвени да спијат во шатори во природа и да понесат со себе своја опрема за пешачење и кампување
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Италија“.