Дали се чувствуваш дека твојот глас не е слушнат? Или можеби се чувствуваш пасивно? Дали во местото каде што живееш има неискористени простори кои чекаат трансформација Имаш идеја, но си немал/а можност да ја искажеш?
Сега е твојата шанса!
Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – Скопје ве поканува на воведната работилница за проектот „Living Spaces – Живи простори“, која ќе се одржи на 18.01.2020 (сабота) од 12:00 часот во просториите на Црвениот крст на ул.Перо Наков бр.26. Предвидено е работилницата да трае 3 часа со вклучена кафе-пауза.
Крајна цел на проектот е трансформација и редизајн на јавен простор. За таа цел ќе бидат одржани информативни и практични работилници за трансформација на јавни простори, како и за методи за активно младинско учество.
Работилницата е бесплатна и за истата може да се пријават млади од 15 до 25 години кои се заинтересирани за темата.
Сите учесници на проектот ќе добијат:
- Можност да ги искажат своите идеи, интереси и грижи
- Обука и искуство за трансформирање и редизајн на јавни простори
- Обука за програмата Еразмус+ и преставување на можности за мобилност и обука
- Предност при одење на меѓународни проекти преку ЦЕТ платформа
- Сертификат за учество
Еден од учесниците ќе добие и можност за меѓународна обука во Мадрид, Шпанија во март 2020.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да го пополните апликациониот формулар, најдоцна до 17-ти јануари 2020.
Го очекуваме Вашето присуство!
Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.