Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена “Hiking for Peace”, која ќе се одржи во Лоџ, Полска од 15-ти до 21-ви април 2024 година.
Овој проект претставува поттик на различни идеи за креирање здрав начин на живот кој може да биде а извор на виталност, сила и позитивна енергија. Исто така претставува начин за поддигање на свеста во локалните заедници, да се посвети поголемо внимание на менталното здравје на младите и да се обезбеди поголема поддршка, со приоритет на најмладите, а потоа на менталното здравје на општата популација. Започнуваме со премисата дека доброто справување со стресот го подобрува квалитетот на животот и менталното здравје. И дали постои подобар начин да се справиме со стресот и да ги оттргнеме негативните мисли од контакт со природата ?!
Во овој проект гледаме на планинарењето (како вид на вежбање на целото тело) и здравата храна како моќна комбинација од која можеме да добиеме многу енергија и креативни идеи во соочувањето со секојдневните предизвици. Пешачењето е природен лек за телото и умот. Ја стимулира хемикалијата за позитивни чувства како и хормоните на адреналин и ендорфин кои го зголемуваат вашето расположение и нивото на енергија. Има вистинска смисла на мир која ја добивате од тоа да бидете повеќе на отворено, да бидете повеќе поврзани со природата и да ги споделите тие моменти со други луѓе. Тоа е чувство на релаксација и зајакната благосостојба.
На обуката ќе учествуваат 24 млади и младински лидери од Македонија, Полска, Украина и Шпанија.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 25 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците имаат можност да користат „Green Travel“ за патување со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, при што патните трошоци во тој случај може да бидат целосно рефундирани до 320€ по учесник. Во случај на користење на “Green Travel”, учесниците имаат можност да направат одмор при патувањето до максимум 2 дена при што ќе им бидат рефундирани парите за сместување и храна.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Полска“.
