Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници за Еразмус+ младинска размена “Project YOU”, која ќе се одржи во Таеваскоја, Естонија од 11-ти до 19-ти мај 2022 година.
Project You e младинска размена наменета за личности кои се наоѓаат на крстопат, откривајќи се себеси и прашувајќи се прашања за своите животни одлуки. Што е всушност значењето на животот? Како да се справам со баналноста на секојдневието, со загубите, разочарувањата, стресот и кризите? Дали го избрав вистинскиот пат? Кој го има правилниот одговор, кому да се обратам за совет? Најверојатно во еден сегмент од животот секој од нас се запрашал барем едно од овие прашања. Како што минуваат годините, се почесто ги насочуваме нашите мисли кон барање одговори. Оваа размена ќе ви помогне да добиете различни погледи кон светот, да се инспирирате и да ги најдете одговорите на своите дилеми работејќи во група полна со разбирање и слободна средина.
На младинската размена ќе учествуваат млади и младински лидери од Македонија, Естонија, Полска, Унгарија, Турција и Шпанија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години (преферирано е од 24 до 30 години)
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на размената (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Естонија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Естонија.