Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 1 младински лидер за Еразмус+ подготвителен состанок (Advance Planning Visit) за младинска размена „My European Passport“, кој ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 28-ми до 30-ти октомври 2021 година. Избраниот кандидат потоа ќе треба да учествува на младинската размена како лидер на македонската група од 18-ти до 26-ти ноември 2021.
Проектот „My European Passport“ цели директно да влијае врз недостатокот на свест на младите за ЕУ, недостатокот на нивно вклучување во програмите и проектите на ЕУ, како и недостатокот на нивно активно учество во процесот на донесување одлуки во ЕУ.
Главната цел на проектот е да ги зајакне младите луѓе да станат активни и одговорни европски граѓани, преку постигнување на конкретни цели како што се подигање на основното знаење на учесниците за ЕУ, подигање на нивната свест за можностите што ЕУ го нуди, развивање основни компетенции за активно граѓанство и развој на чувство за заеднички европски идентитет.
Услови за учество на младинскиот лидер:
- Постар/а од 21 години (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Подготвеност да ја води и биде одговорен за групата на млади кои ќе учествуваат на младинската размена од 18-ти до 26-ти ноември 2021
- Способност за одлична комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на состанокот и размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во подготвителниот состанок и младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 320€) и евентуално трошоци за КОВИД-19 тестови се целосно покриени од организаторите. Младинскиот лидер ќе може да патува авионски до Хрватска за потребите на подготвителниот состанок, меѓутоа за младинската размена учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Хрватска“.
Предност за учество ќе имаат целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради логистички причини.