Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 6 млади учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Dancing Youth“, која ќе се одржи во Брага, Португалија од 7-ми до 15-ти октомври 2021 година.
Младинската размена “Dancing Youth” ќе собере млади луѓе од различно културно потекло, со цел да промовира меѓусебно разбирање, дозволувајќи им да откријат нови култури и традиции, поттикнувајќи ја социјалната инклузија и поттикнувајќи ја креативноста и активното учество во општеството. Ова ќе се постигне преку учење за традиционални танци, како еден од најзначајните делови на културата. На младинската размена ќе учествуваат 42 учесници од 7 земји: Португалија, Бугарија, Полска, Грција, Италија и Македонија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Младинскиот лидер треба да е подтовен да ја води и биде одговорен за групата на млади кои ќе учествуваат на младинската размена
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 360€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и младинската резмена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Брага“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради безбедносни и логистички причини при патување во Португалија.