Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 6 учесници и 2 младински лидери за Еразмус+ младинска размена „Not much different we are“, која ќе се одржи во Јагниатков, Полска од 27-ми септември до 8-ми октомври 2021 година.
Младинската размена е наменета за 24 млади учесници и лидери кои доаѓаат од Македонија, Унгарија, Турција и Полска, кои се активни млади луѓе во нивната локална заедница. Проектот цели кон: подобрување на меките вештини на младите и оспособување на младите во компетенции за работа во меѓународна средина и јазични компетенции; промовирање ставови за заедничко разбирање, еднаквост, толеранција и пријателство; зголемување на знаењето на младите за други земји и националности; да им се даде на младите искуство и свесност за разликите и сличностите со другите луѓе со кои може да споделат добри практики од своите животи.
Активностите за време на младинската размена ќе бидат многу практични лекции за зголемување на знаењето за себе, ќе ги спроведеме врз основа на принципите на неформално образование, волoнтаризмот и подготвеност да се подобриме себеси. Методите на работа во текот на проектот се базираат на неформално образование како: работилници, состаноци, пишани или нацртани резимеа, работа во меѓународни тимови, ice-breakers, игри за градење на тим, енерџајзери, работа на отворен простор, дискусии, игри за интеграција, презентации, театар, директни контакт со локалната заедница, симулации на умствени мапи, изложба, размислувања, известување, споделување чувства, креирање видеа и сесии за евалуација.
Услови за учество на младинските лидери:
- Постари од 23 години (без краен лимит) и да имаат искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Подготвеност да ја водат и бидат одговорни за групата на млади кои ќе учествуваат на младинската размена
- Способност за одлична комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на состанокот и размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Услови за учество на младите учесници:
- Учесниците треба да се на возраст од 16 до 30 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 275€) се целосно покриени од организаторите. Доколку се потребни негативни ПЦР/Брзи тестови за влез во Полска, трошоците за истите ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската резмена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Полска“.
Предност за учество ќе имаат целосно вакцинирани апликанти поради безбедносни и логистички причини при патување во странство.