Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука „The Digital Competence Framework“, која ќе се одржи во Брисел, Белгија од 11-ти до 15-ти октомври 2021 година.
Истражувањата покажуваат дека дигиталните вештини се клучни за зајакнување и вклучување на особено обесправените млади, па затоа целта на овој проект е да работи на подобро обезбедување на младите работници со потребните дигитални вештини. Тие компетенции ќе им помогнат да започнат нови активности и програми со цел да ги поттикнат дигиталните вештини кај младите групи во неповолна положба со кои работат.
Главните цели на проектот се:
– Да се зголемат дигиталните вештини на младинските работници врз основа на Европската рамка за дигитална компетентност.
– Да се зголемат стапките на социјална инклузија и вклученост на пазарот на труд кај европските млади лица со неповолна положба преку развој на дигитални вештини и компетенции.
На обуката ќе учествуваат 36 младински работници и младински лидери од С. Македонија, Белгија, Унгарија, Литванија, Италија, Полска, Словачка, Шпанија, Турција, Албанија, Србија, Грузија и Грција.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество. Истовремено, организаторите на обуката имаат поставено своја котизација за учество од 35 евра која селектираните кандидати ќе треба да ја уплатат преку платформата Eventbrite.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати! Краен рок за аплицирање е 22-ри август 2021.
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Брисел“.