Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 6 млади лица и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Media Literacy for Youth“, која ќе се одржи во Ловеч, Бугарија од 19-ти до 26-ти август 2021 година.
Media Literacy for Youth е мобилност на млади – младинска размена која цели да ја подигне свеста за погрешните рефлексии на медиумите и проблемите што се јавуваат во овој контекст, како и да им се обезбеди на учесниците идеи за слабоста на медиумската писменост и како да се подобри оваа ситуација.
Повеќето програми со вести или политичка содржина се медиуми базирани на идеологија и политички односи на каналот, а не на објективно емитување. Со цел да се надмине овој проблем, се отвораат Центри за безбеден Интернет во различни делови на светот и благодарение на овие центри, поединците се информирани за тоа како безбедно да го користат интернетот. Како и да е, граѓаните се крајно незнајни за ова прашање и ова ги зголемува лажните рефлексии на медиумите во денешната технолошка ера. Како резултат на тоа, во нашиот проект, ќе разговараме за погрешните рефлексии на медиумите во општеството поради слабоста на медиумската писменост, со што сакаме да ја подигнеме свеста на младите за овие лажни рефлексии и да стигнеме до вистинските вести и да ги зголемиме нивните компетенции на оваа тема.
Во проектот ќе учествуваат 42 млади луѓе и младински лидери од С. Македонија, Бугарија, Холандија, Италија, Турција и Унгарија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите. Доколку се потребни негативни ПЦР/Брзи тестови за влез во Бугарија, трошоците за истите ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Младинска размена во Ловеч“.