После успешно спроведените информативни работилници за проектот за трансформација на јавни површини ‘Living Spaces – Живи Простори’ на 29-ти февруари 2020 (сабота) од 15:30 часот ќе се одржи третата работилница од овој проект. Работилницата ќе се одржи во просториите на Црвниот Крст – Општинска Организација Гази Баба на ул.Перо Наков бр.26.
На истата ќе се разработува дизајн за веќе одбраниот простор на кој ќе се изврши трансформацијата и ќе разгледуваме какви материјали да се искористат, каде и како може да се набават истите.
Ве покануваме на работилницата и заедно со Вашите креативни идеи да направиме промена и пренамена на просторот.
Работилницата е бесплатна и доколку сте заинтересирани Ве молиме да го пополните апликациониот формулар, најдоцна до петок, 28.02.2020.
Ве очекуваме!
За претходните работилници може да прочитате на:
1. https://cetplatform.mk/soopshtenija/vovedna-rabotilnica-za-living-spaces/
2. https://cetplatform.mk/soopshtenija/vtora-rabotilnica-od-proektot-living-spaces/
Цели на проектот се:
- Трансформација и обновување на неискористени или напуштени простори
- Активно вклучување на младите и на лицата со помалку можности
- Надоградба на лични вештини кај младите
Учесниците кои ќе бидат вклучени во сите фази на проектот ќе добијат:
- Можност да ги искажат своите идеи, интереси и грижи
- Обука и искуство за трансформирање и редизајн на јавни простори
- Обука за програмата Еразмус+ и преставување на можности за мобилност и обука
- Предност при одење на меѓународни проекти преку ЦЕТ платформа
- Сертификат за учество
Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.