На 18-ти јануари 2020 (сабота), во просториите на Црвен крст – Општинска организација Гази Баба во Скопје, се одржа воведната работилница за проектот „Living Spaces – Живи Простори“.
На работилницата беше претставен проектот, неговите цели, елементи и беа најавени наредните активности. Истовремено, беше преставена работата на здружението ЦЕТ платформа, неговите активности, целни групи и наредни проекти.
Во рамки на работилницата беа организирани активности за запознавање на учесниците и дискусија за вклученоста на младите во процесите на донесување одлуки, особено во сферата на урбаното планирање и користењето на јавните површини.
Цели на проектот се:
- Трансформација и обновување на неискористени или напуштени простори
- Активно вклучување на младите и на лицата со помалку можности
- Надоградба на личните вештини кај младите
Работилницата беше бесплатна и на истата земаа учество 20 млади на возраст од 15 до 25 години.
Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.
1 Коментар