Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 1 младински лидер за подготвителен состанок (Advance Planning Visit) и 5 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Let’s Enjoy Difference & Uniqueness Together!“, која ќе се одржи во Беневенто, Италија. Подготвителниот состанок ќе се одржи од 1-ви до 4-ти октомври 2021, додека младинската размена ќе се реализира од 17-ти до 28-ми ноември 2021 година. Младинскиот лидер ќе треба да учествува на подготвителниот состанок и на младинската размена.
Проектот “Let’s Enjoy Difference & Uniqueness Together” цели кон запознавање и истражување на културите, знаењата и миграциските реалности на земјите учеснички и нивните преставници во проектот. На младинската размена ќе учествуваат 42 млади и младински лидери од Италија, Македонија, Грција, Германија, Португалија, Шпанија и Турција.
На младинската размена, учесниците ќе се запознаваат секојдневно со различни култури преку размена на нивните миграциски искуства и учествувајќи во интеркултурни вечери посветени на секоја земја преку игри, видеа и активности кои ќе отворат дискусии за стереотипите и предрасудите. На размената ќе се репродуцираат традиционалните и модерните атмосфери на нашите земји и нашите миграциски култури за да се понуди поцелосна слика за тоа кои сме.
Услови за учество на младинскиот лидер:
- Постар/а од 21 години (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Подготвеност да ја води и биде одговорен за групата на млади кои ќе учествуваат на младинската размена од 17-ти до 28-ми ноември 2021
- Способност за одлична комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на состанокот и размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во подготвителниот состанок и младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Услови за учество на младите учесници:
- Учесниците треба да се на возраст од 20 до 25 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Доколку се потребни негативни ПЦР/Брзи тестови за влез во Италија, трошоците за истите ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и младинската резмена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Беневенто“.
Предност за учество ќе имаат целосно вакцинирани апликанти поради безбедносни и логистички причини при патување во странство.