Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „START GREEN – bridging youth to green careers”, која ќе се одржи во Фужине, Хрватска од 6-ти до 14-ти ноември 2023 година.
Главната цел на проектот е да ги опреми младинските работници и младинските лидери со знаење, алатки и стратегии за олеснување на пристапот на младите луѓе до зелениот пазар на труд преку подобрување на нивните претприемачки вештини, инспирирајќи ги да основаат сопствени зелени стартапи, и промовирање на културата на претприемништво кај младите. Обуката ќе цели да ги опреми младинските работници со знаење и ресурси за зелени и одржливи практики, овозможувајќи им да ги пренесат овие вештини на млади поединци заинтересирани за еко-пријателски кариери.
На обуката ќе земат учество 21 младински работници и младински лидери од Македонија, Хрватска, Бугарија, Романија и Италија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 320€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Хрватска“.