Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 млади учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Social media – а powerful instrument for youth work“, која ќе се одржи во Узана (Габрово), Бугарија од 25-ти јуни до 2-ри јули 2023 година.
Главната цел на проектот е да им покаже на учесниците како интернетот и социјалните медиуми може да се користат како начин за промовирање на активно граѓанство и претприемништво кај младите луѓе, притоа обезбедувајќи добро избалансиран микс на знаења, вештини, компетенции и примери од практиките и општествено корисните активности на партнерските организации.
Учеството во овој проект ќе им овозможи на младите луѓе и нивните лидери да развијат основни дигитални компетенции со помош на таканаречениот „Маркетинг преку социјалните медиуми“ и да акумулираат нови идеи за започнување бизнис/иницијативи/настани, кои се можни благодарение на интернетот и модерниот технолошки развој. Младите ќе учествуваат во посебни модули кои ќе им помогнат да се интегрираат во животот на нивната заедница и да организираат онлајн активности и кампањи. Главниот резултат, кој очекуваме да го постигнеме, е добро формиран тим од активни млади европски граѓани, кои ќе ги развиваат своите знаења за маркетинг, социјалните медиуми, нови старт-ап идеи, што е возможно благодарение на денешните технологии и интернетот.
На младинската размена ќе учествуваат 37 млади и младински лидери од Македонија, Бугарија, Чешка, Италија, Србија, Хрватска и Шпанија.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на младинската размена (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Бугарија“.