Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Leadership Skills Development for youth workers”, која ќе се одржи во Перволиа (Ларнака), Кипар од 30-ти март до 7-ми април 2023 година.
Проектот се заснова на фактот дека лидерите на младинските групи од различни невладини организации се способни да го зголемат квалитетот на младинските размени преку изнаоѓање соодветни модели за мотивирање на младите активно да учествуваат во нив и да стекнат нови вештини и знаења. Проектот ќе ги истражува и развива талентите и знаењата на учесниците во областа на лидерството, при што ќе се бара разбирање и анализира што тоа значи да се биде одличен лидер.
Главната цел на проектот да ги развие знаењата и вештините на сегашните или идните лидери, да станат поактивни на полето на меѓународната младинска работа, притоа споделувајќи го знаењето од работата на најдобрите лидери во светот. На обуката ќе се вежба како да премине од основно управување до одлично лидерство и како тоа ќе влијае на животите и мотивите на системот и луѓето. Проектот ќе ги опреми младите работници со иновативни и подобрени начини на работа кон нивните целни групи.
На обуката ќе земат учество 32 младински работници и младински лидери од Македонија, Кипар, Грција, Литванија, Шпанија, Бугарија, Чешка и Полска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Организаторите бараат котизација за учество од 20 евра за покривање на дополнителни трошоци и 2-дневни патувања во други градови на Кипар.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Кипар“.