Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ платформа има чест да Ве покани да земете учество на работилница за грасрут активизам, која ќе се одржи на 2-ри март 2019 (сабота) од 12 часот во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје. Работилницата се организира во рамки на проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.
Активностите ќе бидат реализирани под менторство на м-р Кире Василев, долгогодишен активист кој зел активно учество во неколку грасрут иницијативи. Работилницата адресира актуелни прашања со кои се соочуваат грасрут активистите во Македонија денес. При тоа, ќе се покрене прашањето за минатиот и денешниот политички наратив под кој се организираат активистите. Учесниците ќе се запознаат со начинот на организирање, комуникација, финасирање, регрутирање, комуникација со јавноста и организирање на разни настани.
Во рамки на работилницата ќе бидат организирани активности за запознавање на учесниците и претставување на просторот и логистичкиот капацитет на Социјалниот центар „Дуња“.
Предвидено е работилницата да трае 4 часа, при што добредојдени се преставници на граѓанскиот сектор, членови на граѓански организации и заинтересирани млади лица.
Агендата на настанот е во прилог, а заради ограничениот број на места Ве молиме учеството да го потврдите преку пополнување на формуларот за регистрација или по е-пошта на [email protected].