Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 млади лица и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Youth Unity and Inclusive Camp“, која ќе се одржи во Стратони (Халкидики), Грција од 20-ти до 31-ви јули 2021 година.
Главната цел на проектот е да се создаде иновативен пристап кај младите со цел да им се помогне во промовирање на европските вредности, промовирање на меѓународната интеграција, меѓуверскиот дијалог, толеранција, мир и социјална инклузија.
Економската и миграциската криза во Европа, социјалните тензии, дебатата за европски вредности, шенгенската криза, исламофобијата, исклучување на малцинствата од социјалниот живот и слични проблеми се зголемуваат во сите заедници на ЕУ, и се особено насочени кон младите и младите со помалку можности. Учесниците во проектот ќе станат посвесни за мултикултурната разновидност, нејзините придобивки и можностите за личен развој. Учесниците ќе остварат нови пријателства и контакти, ќе ги разбијат стереотипите и ќе го откријат процесот на неформално учење. Истовремено, проектот ќе помогне на учесниците да излезат од својата комфортна зона.
На младинската размена ќе учествуваат 30 млади и младински лидери од Грција, С. Македонија, Бугарија, Хрватска, Кипар и Полска.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите. Доколку се потребни негативни ПЦР тестови за влез во Грција, трошоците за истите ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Младинска размена во Стратони“.