Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 5 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Youth Eleven“, која ќе се одржи во Карловац, Хрватска од 22-ри јули до 1-ви август 2022 година.
Младинските цели на ЕУ (EU Youth Goals) беа дефинирани од млади луѓе и креатори на политики и сега треба да се применат на локално ниво. Овој проект има за цел да ги промовира целите и да им помогне на младите да разберат што се тие, кој е процесот зад нив и како можат да ја подигнат свеста за нив кај другите млади луѓе. Проектните активности главно ќе бидат фокусирани на разбирање што се младинските цели и како да се подигне свеста за нив за да се мотивираат младите да се активираат во општеството. Преку давање на правилни информации, овој проект ќе ги поттикне младите луѓе да можат да го разберат процесот на дијалог помеѓу младите и носителите на одлуки и ќе ги мотивира да станат активни учесници и мултипликатори во нивните заедници.
На младинската размена ќе учествуваат 30 млади и младински лидери од Македонија, Хрватска, Италија, Германија и Шпанија.
Услови за учество на младите учесници:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Дозволено е останување во Хрватска на свој трошок до два дена надвор од датумите на подготвителниот состанок и младинската размена.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Хрватска“.