Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 млади учесници и 1 лидер на група за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Young Fashionistas“, која ќе се одржи во Стратони (Халкидики), Грција од 18-ти до 30-ти јуни 2024 година.
За време на младинската размена, учесниците ќе научат како повторно да користат и подобрат секојдневни материјали, особено ткаенина за да создадат нешто модерно и корисно. За време на размената, учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за начините на шиење и креирање на облека, како и да погледнат како работат машините за шиење. За време на размената ќе се работи во тимови во инклузивна средина на само 50 метри од морето. Учесниците ќе се запознаат со влијанието на брзата мода врз животната средината, а на кратој од размената ќе организираат и модна ревија каде што тимовите ќе ги покажат своите креации на модна писта.
На младинската размена ќе учествуваат 40 млади и младински работници од Македонија, Грција, Полска, Романија, Шпанија, Хрватска, Турција и Кипар.
Услови за учество:
- Лидерот на групата треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила и задачи за време на проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните датуми!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Грција“.