Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници за Еразмус+ младинска размена “Not much different we are”, која ќе се одржи во Карпач, Полска од 15-ти до 26-ти јуни 2022 година.
Методите на работа во текот на проектот се засноваат на неформално образование – работилници, состаноци, пишани или нацртани резимеа, работа во меѓународни тимови, ice breakers, игри за градење тимови, отворен простор, дискусии, игри за интеграција, презентации, театар, директни контакт со локалната заедница, симулации на ум-мапи, изложба, размислувања, дебрифинг, споделување чувства, креирање видеа, сесии за оценување.
Цели:
- подобрување на меките вештини на младите
- опремување со компетенции за работа во меѓународна средина
- промовирање на заедничко разбирање, еднаквост, толеранција и пријателство
- зголемување на знаењето на младите за државите и националностите
- давање безбеден простор за споделување на нивните мислења, чувства и мисли
- промовирање на програмата Еразмус+ на Европската Унија
- промовирање на вредностите на Европската комисија
На обуката ќе учествуваат 24 млади и младински лидери од Македонија, Унгарија, Турција и Полска.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Полска“.
