Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници за Еразмус+ младинска размена „My European Passport“, која ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 18-ти до 26-ти ноември 2021 година.
Проектот „My European Passport“ цели директно да влијае врз недостатокот на свест на младите за ЕУ, недостатокот на нивно вклучување во програмите и проектите на ЕУ, како и недостатокот на нивно активно учество во процесот на донесување одлуки во ЕУ.
Главната цел на проектот е да ги зајакне младите луѓе да станат активни и одговорни европски граѓани, преку постигнување на конкретни цели како што се подигање на основното знаење на учесниците за ЕУ, подигање на нивната свест за можностите што ЕУ го нуди, развивање основни компетенции за активно граѓанство и развој на чувство за заеднички европски идентитет.
Услови за учество на младинскиот лидер:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 320€) и евентуални трошоци за КОВИД-19 тестови се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните датуми!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Хрватска“.
Предност за учество ќе имаат целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради логистички причини.