Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 8 учесници и 2 младински лидери за Еразмус+ младинска размена „Balance yourself together with us!“, која ќе се одржи во Карпач, Полска од 6-ти до 15-ти ноември 2021 година.
Главна цел на проектот е да се најдат начини да се постигне внатрешен баланс и хармонија во животот преку неформално учење и работа со други млади луѓе кои го бараат истото. На младинската размена ќе учествуваат 32 млади и младински лидери од Полска, С. Македонија, Грција и Латвија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 16 до 30 години
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 23 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Младинскиот лидер треба да е подтовен да ја води и биде одговорен за групата на млади кои ќе учествуваат на младинската размена
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
колку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и младинската резмена, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати! Краен рок за аплицирање е 1-ви октомври 2021.
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Полска“.
Учество може земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Полска.