Заинтересирани сте за трансформација на јавни површини и сакате да допринесете во разубавување на Вашето општество?
Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје во соработка со Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Гази Баба – Скопје ги повикува сите мотивирани млади лица на возраст од 15 до 25 години на втората работилница во рамки на проектот за трансформација на јавни простори ‘Living Spaces – Живи Простори’ која ќе се одржи во сабота (08.02.20) од 12:30 часот во просториите на Црвниот Крст на ул.Перо Наков бр.26. Предвидено е работилницата да трае до 15 часот со вклучена кафе-пауза.
Работилницата е бесплатна и доколку сте заинтересирани Ве молиме да го пополните апликациониот формулар, најдоцна до петок, 07.02.2020.
Ве очекуваме!
Цели на проектот се:
- Трансформација и обновување на неискористени или напуштени простори
- Активно вклучување на младите и на лицата со помалку можности
- Надоградба на лични вештини кај младите
Учесниците кои ќе бидат вклучени во сите фази на проектот ќе добијат:
- Можност да ги искажат своите идеи, интереси и грижи
- Обука и искуство за трансформирање и редизајн на јавни простори
- Обука за програмата Еразмус+ и преставување на можности за мобилност и обука
- Предност при одење на меѓународни проекти преку ЦЕТ платформа
- Сертификат за учество
Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.
