Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „V.I.T.A.L. – Values, Innovation, Technology and Active Learning”, која ќе се одржи во Џаково, Хрватска од 21-ви до 29-ти ноември 2023 година.
Главната цел на проектот е да ги охрабри младите работници и активните лидери да се вклучат повеќе во работата со младите и да ги мотивираат повеќе со цел да имаат влијание и да го зголемат бројот на млади луѓе кои се активно вклучени во општеството. Прокетот истовремено ќе промовира социјална инклузија на младите, особено оние со помалку можности. Проектот ќе им обезбеди алатки и методи на младинските работници, активните лидери и вклучените организации кои можат да се користат во младинска работа на тема активно граѓанство, човекови права, европски вредности и еколошки одржлива младинска работа. Проектот ќе ги мотивира учесниците да работат на создавање нови методи за учење за младите, но и да бидат иновативни и да ги трансформираат нивните идеи во реалност. Обуката цели кон охрабрување на учесниците да користат дигитални алатки во „традиционалните“ методи на младинска работа со цел да ја направат помодернизирана, но и со цел да ја направат поинтересна и поатрактивна за младите особено во денешно време кога младите ја користат технологијата секојдневно.
На обуката ќе земат учество 27 младински работници и младински лидери од Македонија, Хрватска, Ерменија, Грција, Грузија, Полска, Португалија и Србија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 210€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Хрватска“.