Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Tolerart“, која ќе се одржи во Виланова де Ароуса, Шпанија од 22-ри до 30-ти мај 2023 година.
Главната цел на овој проект е да вклучат 46 учесници од 7 различни земји со цел да им обезбеди на младите алатки и методи потребни за работа на теми поврзани со социјална вклученост, толеранција и дијалог преку уметност, фокусирајќи се на дисциплините сликарство, танц, театар и создавање на видеа.
Понекогаш е тешко за личноста која се чувствува дискриминирана или отуѓена да ги покаже своите чувства и мисли, така што уметноста е добра алатка за да ги натера да се појават и да може да работи на целосна интеграција на овие млади луѓе. Со овој проект сакаме да покажеме дека не е неопходно да се поседуваат некои посебни вештини или таленти за да можете слободно да ги изразите сопствените чувства и емоции преку уметноста.
На младинската размена ќе учествуваат 46 млади и младински лидери од Македонија, Шпанија, Грција, Унгарија, Шведска, Италија и Романија.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на младинската размена (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 360€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Шпанија“.