Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „The Great Resignation”, која ќе се одржи во Букурешт, Романија од 18-ти до 26-ти октомври 2023 година.
Неодамнешните глобални социо-економски настани станаа поочигледни дека на светот му треба нова траекторија, вклучително и на ниво на пазарот на трудот. Достоинство, флексибилност, рамнотежа меѓу животот и работата се некои од карактеристиките на она што е наречено „Голема резигнација“, „Голема реконструкција“ или „Голем отказ“. Овие термини укажуваат на сè пораспространета појава според која младите вработени ги напуштаат своите работни места и бараат такви кои обезбедуваат исполнување, раст, различност, време за приватен живот и динамика.
Имајќи ги предвид овие неодамнешни трендови, потребата за информирање и зајакнување на младите луѓе во нивниот образовен и/или кариерен пат, како и популарноста и ефикасноста на подкастите како дигитална алатка за справување со ефектите од „големата резигнација“, проектот има за цел зголемување на активното учество и вклучување на младите во општеството преку следните цели: 1) Подобрување на капацитетот на 20 младински работници за вклучување во нивните заедници, обезбедување информации и советодавни услуги во нивната секојдневна работа преку развивање на потребните компетенции за користење на дигитални алатки и платформи за социјални медиуми; 2) Оспособување на 150 млади (18-30 години) од 6 земји да станат активни членови на општеството преку обезбедување информации и насоки за програмите за доживотно учење и преку серија од 6 подкасти за време на фазата на дисеминација; 3) Развивање на ефикасна мрежа од 3 НВО од ЕУ и 3 од не-ЕУ држави преку создавање простор за споделување наменет за размена на добри практики, ефикасни алатки и подобрување на нивните услуги и интернационализација.
На обуката ќе земат учество 20 младински работници и младински лидери од Македонија, Романија, Италија, Црна Гора, Шпанија и Босна и Херцеговина.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 210€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Романија“.