Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за втората Еразмус+ обука од проектот „Creativity 4 Change“, која ќе се одржи во Гумениса, Грција од 13-ти до 21-ви декември 2021 година.
Главната цел на проектот е да се изградат капацитети на младински организации кои ќе придонесат за подобрување и пренос на знаење и позитивни практични примери, кохезија и вмрежување во областа на културните и креативните индустрии. Проектот цели и кон тоа да ја зголеми улогата и важноста за учеството на младинските здруженија и младите во донесувањето одлуки, креирање локални политики и насочување на развојот на културните и креативните индустрии, како и и промовирање на инструментите на младинската културна политика.
На обуката ќе учествуваат 28 младински работници и младински лидери од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција, Италија, Германија, Црна Гора, Хрватска, Литванија и Грција.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 година и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Грција“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки за КОВИД-19 кои важат во Грција.
