Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Stories for Life: Storytelling for connecting to nature“, која ќе се одржи во ASHA центарот, Глостер, Англија од 25-ти октомври до 3-ти ноември 2022 година.
Во проектот ќе се вклучат младински работници, лидери во заедницата, едукатори и креатори на промени од Европа во обука за тоа како да го користиме раскажувањето приказни за да го продлабочиме нашиот однос со природниот свет. Обуката ќе се фокусира на потенцијалот на народните приказни и митовите како начин на длабоко поврзување со природниот свет. Приказните бараат од нас да слушаме со различно вид на уво, уво кое може да негува чувствителност да слуша што земјата, и сите суштества што живеат на него, „велат“. Развивајќи ја практичната методологија, ќе најдете, разберете и раскажувате приказни кои можат да помогнат и поединците и заедниците прават промена во нашиот однос со природниот свет.
За време на обуката ќе се вежбаат основни комуникациски вештини, ќе се креирате проекти и ќе се научат нови алатки преку рамнотежа на теорија, пракса и автентично присуство. Овој курс ќе ја сподели едукативната рамка и методите на Центарот ASHA кои вклучуваат презентации, уметничко изразување, групна работа и игри. Ќе се одвои време за длабоко размислување и концентрирано слушање и ќе се понуди отворен разговор и сеопфатно учење во заедничко опкружување што ја користи енергичната природна околина. Ќе бидат дадени можности да водат работилници, со простор да размислувате за методологиите и да развиете сопствен пакет со алатки.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
- Важечка виза за влез во Обединетото Кралство или пасош од ЕУ држава
Сите трошоци за сместување и храна се целосно покриени од организаторите, како и 90% од патните трошоци (до максимум 360€). Поради не доволно време да се извади виза, бараме кандидати кои веќе имаат важечка виза за влез во Обединетото Кралство или имаат пасош од некоја од земјите на Европската Унија.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Англија“.