Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Non Formal Lab”, која ќе се одржи во Пресенцано (регионот на Касерта), Италија од 22-ри до 30-ти јуни 2022 година.
Овој проект произлегува од свеста, споделена меѓу партнерските организации и нивните младински работници, дека формалните начини на настава и учење повеќе не им ги обезбедуваат соодветните компетенции на младите што се барани на пазарот на трудот и потребни за развој на општеството. Клучно е самите млади луѓе да се стават во средината на нивниот процес на учење низ искуствен пат, зајакнат со (само)рефлексија и евалуација, кои се клучни педагошки принципи на неформалното образование.
Преку методологиите за неформално образование, проектот цели да им ги обезбеди на учесниците вистинските алатки за зајакнување на нивниот процес на учење, создавајќи искуствена и инклузивна средина која ќе биде целосно фокусирана на нивните потреби. Сите учесници ќе бидат охрабрени да споделуваат искуства и да преземаат иницијативи и предизвици, со поддршка од тренерите и организацискиот тим.
На обуката ќе учествуваат 25 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Бугарија, Кипар, Грција, Полска, Словенија и Шведска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.
