Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Naturalistic Intelligence in Youth work”, која ќе се одржи во Трбовље, Словенија од 20-ти до 26-ти мај 2024 година.
ASPIRA е Erasmus+ акредитирана организација посветена на спроведување обуки фокусирани на осумте интелигенции на Гарднер. Ние силно се залагаме за холистички пристап кон учењето, согледувајќи дека секој поединец поседува уникатни силни страни и слабости, со различен степен на владеење во различните интелигенции.
Во нашата претстојна обука, конкретно ќе го истражиме концептот на натуралистичка интелигенција. Натуралистичката интелигенција, како што е препознаена од теоријата на Гарднер, ја опфаќа способноста длабоко да се разбере и цени природата, дозволувајќи поединци целосно да се соединат со неа. Примарната цел на оваа обука е да ги поттикне младинските работници да ја негуваат натуралистичката интелигенција во нивните локални младински заедници. Учесниците ќе ги стекнат вештините неопходни за вклучување и ценење на природата и ќе се здобијат со вредни сознанија за создавање збогатувачки искуства за младите луѓе. Понатаму, нашата обука ја нагласува важноста на учењето во средина погодна за раст и истражување. Дали постои подобар амбиент да се посветите на натуралистичката интелигенција од голем отворен простор? Со нетрпение очекуваме да се собереме заедно во средина која го олеснува искуственото учење и личниот развој.
Што ќе добиете од оваа обука? Како тоа ќе влијае на вас?
- Поврзете се со природата и запознајте ја интелигенцијата што таа ја нуди;
- Искусете и научете различни методи и пристапи кои можат да им помогнат на младите да се поврзат со природата и самите себе;
- Истражете ги можностите за оддржување редовни младински работни активности во природа;
- Споделете ги пристапите и методите засновани на природата што ги користите во вашата локална средина.
Услови за учество:
- Постари од 20 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€ или со „Green Travel“ до 320€) се целосно покриени од организаторите. Според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+, учесниците имаат поголем буџет за патување и можност за одмор со покриени трошоци при патот доколку патуваат со автобус, воз или приватно возило до до местото на одржување на проектот.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Словенија“.