Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 6 млади учесници и 1 лидер на група за Еразмус+ активност за младинско учество (youth participation activity) „My active citizenship in the European Union”, која ќе се одржи во Сончев Брег (Sunny Beach), Бугарија од 29-ти април до 8-ми мај 2023 година.
Младите во Европската Унија драстично го намалуваат интересот за политичките процеси во светот. Ова го повлекува и намалениот интерес за политичко учество и тоа најмногу се рефлектира врз креирање на концептот на пасивно граѓанство.
Дезинформациите врз младите создаваат индивидуализирани поединци, па затоа интересот во политиката и општествениот живот нагло опаѓа. Бидејќи младите не заземаат активен граѓански став постои недостаток на политичкото учество, што дава лоша слика за функционирањето на структурите на ЕУ и одлучувачките процедури кои остануваат во позадина, со што проблемот значително се влошува.
Набљудувањето на обидите за создавање платформи за политичко учеството има за цел да го зајакне процесот на вклучување на младите во овие механизми. Додека структурата на ЕУ и неговото функционирање се суштински, важно е да се фокусира на правилно разбирање на нивната концесија и методи на работа. Ова е причината зошто во нашиот проект вклучуваме симулација на работата на европската Унијата, Европската комисија и Европскиот Совет. За време на проектот ќе се дискутираат клучни прашањата за учество на младите во борбата против климатските промени, здравјето и миграцијата.
На активностa за младинско учество ќе учествуваат 56 млади и младински лидери од Македонија, Бугарија, Шпанија, Италија, Холандија, Грција, Романија и Турција.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на активноста за младинско учество
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на активноста за младинско учество
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 210€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на активноста, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Бугарија“.
Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за нивното учество.