Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 6 млади учесници и 1 лидер на група за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „You Light a Green Bulb“, која ќе се одржи во Анкара, Турција од 20-ти до 27-ми март 2025 година.
Проектот има за цел да го привлече вниманието на причините за глобалното затоплување, загадувањето на животната средина и климатските промени. Истовремено, целта е да се подигне свеста за користење на природните ресурси и потрошувачката на енергија. Проектот ќе помогне во културната интеграција на учесниците и ќе придонесе за нивниот личен развој.
Работните методи ќе се засноваат на неформално образование и дигитално учење, вклучувајќи активности за градење на тим, игри, дискусии, работилници, театар, презентации, студии на случај и создавање на серија кратки видеа за подигање на свеста.
На младинската размена ќе учествуваат 49 млади и младински лидери од Македонија, Бугарија, Италија, Португалија, Романија, Украина и Турција.
Услови за учество:
- Лидерот на групата треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила и задачи за време на проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Патните трошоци ќе бидат рефундирани во кеш на последниот ден од размената.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните датуми!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Турција“.
