Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ семинар за создавање контакти (contact making seminar) „Let It Go”, кој ќе се одржи во Кава де Тирени (Салерно), Италија од 19-ти до 27-ми септември 2022 година.
Семинарот има цел да ги поттикне и мотивира младинските работници да „останат на вистинскиот пат“ и да го подобрат квалитетот на нивната младинска работа, како и да ги подобрат професионалните перформанси и компетенции. Проектот ќе се фокусира на некои од главните начела на емоционалната интелигенција (т.е. онаа за самосвест и самоуправување). Тие лежат во основата на самонабљудувањето, кое учесниците ќе имаат можност да го применат во реално време, за да научат како да извлечат знаење што може да им помогне да станат посвесни за себе и поспособни да управуваат со нивните емоции, така што тие ќе служат на нив, а не да ги саботираат во нивните улоги. Покрај тоа, за време на семинарот, учесниците од различни земји ќе се сретнат, ќе го споделат искуството со справување во ситуации на изолација, ќе се поддржуваат и ќе се мотивираат едни со други.
Главните цели на семинарот се: 1) да ги идентификува предизвиците со кои се соочуваат младинските работници и едукаторите во секојдневниот живот и да ги поддржи во развивањето на способноста за рано препознавање на знаците на зголемен стрес и согорување. Градењето на нивниот капацитет да го идентификуваат и да го спречат изгорувањето, како и да го поправат, со што ќе се зајакне нивната емоционална отпорност, како и нивната мотивација да се претстават подобро во рамките на нивната улога; 2) да се создаде простор за развој на нови и зајакнување на постоечките стратешки партнерства за проекти и да се создаде простор за поставување идни проекти и иницијативи меѓу учесниците.
На обуката ќе земат учество 24 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Украина, Грција, Норвешка, Грузија, Унгарија, Ерменија, Хрватска, Полска, Шпанија и Латвија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Организаторите бараат котизација од 50 евра за учество која ќе биде одземена при рефундација на патните трошоци.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Семинар во Италија“.
