Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Inside out”, која ќе се одржи во Трбовље, Словенија од 8-ми до 14-ти декември 2022 година.
Сакаме да ги поддржиме младите луѓе како поединци, секој со свои таленти, силни страни, каде што секој може да развие и зајакне различни интелигенции, а не само коефициентот на интелигенција, кој е најекспониран. Притоа, се потпираме на истражувањето на Х. Гарднер, кој го разви концептот на мулти-интелигенција, од кој се состои човечкиот ум. Како младински работници, сакаме да станеме уште подобри во нашата работа и во исто време да ги поддржуваме младите луѓе да станат најдобра верзија од себе во овие бурни времиња кои брзо се менуваат, да можат да слушаат и да веруваат, да можат да слушнат други и конструктивно да учествуваат. Затоа, како дел од обуката, на учесниците ќе им претставиме методи и техники за зајакнување на два вида на интелигенција (интраперсонална и интерперсонална).
Целта на обуката е да се поттикнат младинските работници да станат клучни играчи во нивните локални заедници, да се зајакне меѓусебната и интраперсоналната интелигенција кај младите. Обуката цели и кон подобрување на младинската работа на учесниците како и да им обезбедат знаења и вештини со кои можат да ги приспособат своите методи на виртуелни и лични активности за различни целни групи (наставници, родители, врсници…) кои се важни за животот на младите луѓе.
На обуката ќе земат учество 22 младински работници и младински лидери од Македонија, Словенија, Бугарија, Италија, Литванија, Шпанија, Унгарија, Романија и Полска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€ или со „Green Travel“ до 320€) се целосно покриени од организаторите. Според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+, учесниците имаат поголем буџет за патување и можност за одмор со покриени трошоци при патот доколку патуваат со автобус, воз или приватно возило до до местото на одржување на проектот.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Словенија“.
