Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 млади учесници и 1 лидер на група за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Green Generation Initiative“, која ќе се одржи во Узана (Габрово), Бугарија од 23-ти септември до 1-ви октомври 2024 година.
Младинската размена има за цел да ги запознае младите со прашањата поврзани со животната средина, да ги подобри еколошките и претприемачките компетенции и лидерските вештини на младите во областа на екологијата и да ги поттикне да применуваат одржливи практики во нивниот секојдневен живот и работа, со што ќе се помогне во заштитата на животната средина и природата.
Спроведувањето на размената ќе помогне да се изградат нови и иновативни идеи за борба против климатските промени, да се изгради европска еколошка свест преку имплементација на различни еко-иницијативи, ментални, физички и рекреативни активности, со што ќе се охрабрат младите луѓе да применуваат одржливи практики во нивниот секојдневен живот и да помогнат во заштита на животната средина и природата.
На младинската размена ќе учествуваат 33 млади и младински работници од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Шпанија и Романија.
Услови за учество:
- Лидерот на групата треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 16 до 29 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила и задачи за време на проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните датуми!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Бугарија“.