Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Digital Entrepreneurship Navigator: Nurturing the Future Innovators“, која ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 27-ми јуни до 5-ти јули 2024 година.
Главната цел на проектот е да им ги поддобри основните дигитални вештини и компетенции на младите учесници потребни за да напредуваат во претприемачкиот пејзаж. Обуката има за цел да го премости јазот помеѓу дигиталната писменост и претприемништвото, препознавајќи ја клучната улога што технологијата ја игра во современиот деловен свет.
Обуката ќе понуди активности што ќе ги развијат основните дигитални вештини на учесниците неопходни за претприемништво, вклучително и дигитална писменост и онлајн комуникација. Обуката ќе претстави алатки и стратегии за дигитален маркетинг со цел да се подобри способноста на учесниците да ги промовираат и брендираат своите претприемачки потфати, како и да ги опреми учесниците со знаење и вештини за создавање и управување со онлајн бизниси , истражување на платформи за е-трговија и деловни модели.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници и младински лидери од Македонија, Хрватска, Словачка, Романија, Португалија и Бугарија.
Услови за учество:
- Постари од 22 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, споделување на своето знаење и искуство, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе можат да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+ и во тој случај патните трошоци (до 320€) се целосно покриени.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Хрватска“.